Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мајсторот што падна беше еден турнибука со кого двајцата се намачивме кога ја правевме куќата. Беше такво будалиште.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
СТЕВО: Мајстор што паѓа од скелиња. Гледај каква куќа си изградил!
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)