Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... мајчето ваше пљачкашко!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па добро, мајчето ваше мајчино и сестра и прабаба до дете од половина кило, од каде сега вие овде, дома, кога ни жива душа од српската, војска уште не е демобилизирана, а?...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Василије Тасиќ пак го крева телефонот: - Артилеријо, зашто ќутиш, вика, отварај ватру, мајчето ваше!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)