Жителите на Потковицата, сите од ред, и христијани и Турци, и мало и големо и машко и женско претчувствувајќи зло од двете страни, од гласот и од Арслан бег, кој, небаре померен, продолжуваше да ака низ полето и да стрела во празно и во сè што ќе му се присенеше пред очи, претрнати од страв да не ми се стори пакост на некого од луѓето, нетрпеливо очекуваа да се изврши веќе еднаш тоа, споделувањето на мегдан помеѓу нив двајцата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)