Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Во мојата цртанка често наминуваат и едни чудни мерачи на далечини со гламјосани чела и без скафандери на главите кои сенешто премеруваат и домеруваат колку далечини собира во една детска цртанка и во една гламјосана глава без скафандер.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Додека ја гледав, се проѕевна, полека и широко како Ниско од Зоолошката.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Одлука за почитување на едновременоста кај сите јавни мерачи на времето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Луѓето учат да се глуви Мерачот на времето само во тебе е вперен Во некои други Светови по тебе можеби нешто ќе е сменето Порасни, созреј и не сонувај Остави ме мене Вистината погледни ја в очи Живеј ја оваа овдешнина Сите победи се лаги, загубено време – Загубена утрешнина! 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)