Европејците кажуваат оти не можат да направат ништо, оти секоја мерка од Европа комитетот ќе ја прими за заострување на неговата агитација.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сите преземени воено-политички мерки од страна на ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПО на Македонија, кон крајот на 1944 година го заокружувале процесот на формирање на македонската војска која капитулацијата на фашистичка Бугарија ја дочекала како респектирана воена сила од страна на сојузниците, а на политички план ја верифицирала дотогашната борба на македонскиот народ за формирање на држава како пиемонт за обединување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
3. Удел во друштвото е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина во ЈТД, КД и ДОО – при што, секој содружник има еден удел кој не може да биде претставен во хартија од вредност (чл. 3, ст.1, ал.49 од ЗТД). Значи, содружникот може да има само еден удел!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2. За оваа ретко истражувана, а суштинска, проблематика на при(х)ватизацијата, која овозможи она што беше „сечие и ничие“ (општествениот капитал) да стане приватна сопственост само на неколкумина моќници, и за тоа како тоа се одрази во очите на работничката класа – види ја и студијата на д-р Илија Ацески: Општеството и човекот во транзицијата (Македонскиот случај); Екопрес, Скопје, 1995.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инспекторатот обезбедува единствено спроведување и мерките од областа на работните односи и заштита при работа и е одговорен за нивното спроведување во рамките на својата надлежност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)