За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одмерува чекори напред и назад. Година дена е под оружје. Во изминатите месеци ги запозна границите на човековото величие и понижување.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Преку ѕидовите нивната смеа и викотници одѕвонуваат во другите авлии. Браќа ѝ, така, пред некој месец ги испратија во Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Два месеци ги полнев џебовите на интернет кафето сè додека не го сменив посраниот провајдер па да продолжам со секојдневната доза од дома.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Гемиџиите, за да ја елиминираат непожелната посета на комуналните органи, однапред за повеќе месеци ги исплатиле разните комунални давачки.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Татко, како и секогаш, занесен во читањето, само се сеќаваше дека купоните за цел месец ги беше оставил во една книга, но не се сеќаваше во која.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А беше вака: Најпрвин ги собраа младинците од седумнаесет до дваесет и некоја година и не поминаа два или три месеци ги собраа и девојките.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие ги предаваа вересиите на касиерот и тој на крајот на месецот ги внесуваше на сметките од означените броеви и при плаќањето му даваше на секој број по еден плик со пари и сметка во него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)