Цели три месеци го држаа во ќелија каде го најде Толе и се договори преку дупчето, кое беше нарочно провртено од стари затворници.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Цел месец го поминав во лечење на раните, а притоа ги враќав затрупаните сеќавања кои не биле толку лоши моменти.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Упорноста на Јана дури по неколку месеци го даде првиот почетен резултат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само Богдан јанков, а за тоа господ му е сведок, ги познаваше тајните на душата: барем еднаш во месецот го гледал тос свет на сон. таму трчал без тежина на мисли и години, лежел, чекорел без почва под стапалките, бил засолнет од бегови, од балкански војни, ос сите власти.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога најпосле се проби Солунскиот фронт и кога Германија и нејзините сојузници го положија оружјето, Трајан по неколку месеци го ослободија Грците и го пуштија дома.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе има депортации. Тој добро знае.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На тоа упатуваше и прогласот што пред половина месец го издадоа левиот Национално-ослободителен фронт на Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Минатиот месец го прашав Тору Такемицу што мисли Маки (неговата тригодишна ќерка) мисли за Соединетите Држави.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ајде, размисли малку: нели тој со месеци го служел, ординарец му бил.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но тие шест месеци го лечеле, ама петолирката ја зачувале.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Веста за тоа, едно утро, ни ја донесе истиот поштар кого со месеци го молевме да ни го донесе волшебниот каталог за Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со месеци го баравте. А сега, кога ви стигна, никаде ве нема!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)