На многу места има куќи, чии приземја се наоѓаат под нивото на водата во каналите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Постојано стравуваше во тие времиња да не му ја откријат и уништат библиотеката, најсилната тврдина на мистериите на тишината, во која посебно место имаше надежта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во графите за критериуми свое место имаше и фазонот на подбрикнувањето на волната, како и миризбата на дундата, оти сите тие различно мирисаат, како што различен мирис има здивот на секој човек.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За време на селекцијата, повремено се отвораа големите прозорци на фискултурната сала за да влезе студен воздух и да ги облее голите тела на жените за да се види како на таа промена реагира нивната кожа: дали кожата ја менува бојата, дали таа на места се прошарува со модри вирчиња, дали намовнува како кожа на искубана кокошка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На некои места имаше дамки рѓа, но металот беше таков што не даваше значително да биде нагризан.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А израсна овде. Го познаваше овој предел уште кога на тоа место имаше ниви со пченка и компири и го гледаше овој предел како се развива.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Само на две места има оставено мали прозорчиња, затворени со ковано железо и перде закачено на железен корниз, а под прозорот, кој има улога на долапче, во метално коритце - пластични жардиниери засадени со ползавци.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На одредени места има по jeданаес ленти у еден превец.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нивните проникнувања имаа средишна улога на часовите; видно место имаат и во книгава.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој на село имаше куќа градена од делкан камен и секој во Јанина, Мецово, Самарина и други места имаше палата. Палата, а не куќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја нема големата нива, но за тоа на тоа исто место има големи станбени згради кои го надополнуваат ликот на новиот, за разлика од некогашниот, сега непрепознатлив, Драч или Дуреси.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Побратимот Гури Порадеци, утрото кога наминал за да ѝ каже сѐ на Мајка, ѝ укажал колку слободно место има во чунот за неопходните предмети, а колку за семејството и за него, без да биде опасно при пловењето кон другиот брег.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)