Тие места, тие видливи шевови на текстот, најдобро го откриваат духот на времето во кое живееме; на тие места напишав нешто од гнев, од јарост, а не мислев така; и ден-денес не мислам така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На друго место напишав дека важноста на Џојс во Латинска Америка се врзува за фактот дека неговиот однос, како ирски писател, кон англиската традиција е сличен на односот на латиноамериканските писатели кон шпанската (и европска традиција воопшто). Margina #32-33 [1996] | okno.mk 19
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во обата случаи тој однос може да се разбере во значењето кое Дерида го предложи со своите епиграфи, како надоместок кој ја повторува изворната традиција, заземајќи го нејзиното место, одново испишувајќи ја однатре, но секогаш како тоа всушност да е однадвор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)