Но овчарите пак му внесоа возбуда на Стивенс: му кажаа вечерта дека мечката пак ја забележале и тоа на истото она место каде што порано лежела.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)