Спасот од подземјето барем за еден миг Е воскреснат во пролетта на Персефона.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Миг е кога крвта созрева во плодот и кога во стомните девојките носат студени кладенци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Бесконечноста на мигови е конечност
конечноста - бесконечност
кругот на Ѓаволот е
составен дел на секојдневието.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)