Во тој миг немаше ни најмала болка, или никакво пулсирање од болката, туку само чувство на благосостојба, која имаше корени во длабочината на нејзиното тело, каде што се развиваше новиот живот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Дојдени сме на овој поетски собир по наредба на Јасер Арафат! - ми рече Махмуд Дарвиш! Во мигот немав одговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште еднаш Езерото стануваше татковина на тие што беа ја изгубиле историската татковина. Махмуд Дарвиш сигурно беше меѓу нив...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)