Оптичарката во мигот помисли дека се работи за колекционер на лупи, а Сотир Паскали во овој гест виде некаква самоутеха за неизвршената операција чија смисла можеше да ја знае само самиот Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сите во тој миг помислија „отиде човеков“, но за среќа, заради навремената реакција и бргу вградениот стент, се извлече.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Откако за миг помисли, господин Гроздановски рече: „Па, ако го сакате...“ „Хм“, присторе колегата Никола.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Логотетот се насмеа гласно, а тоа смеење му се зариваше на отец Стефан во срцето; жилата му скокаше на вратот и во еден миг помислив дека можеби ќе пукне и ќе почне да прска крв на сите страни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За миг помисли, дури, дека ја загубил способноста да му зборува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се загледав во еден необичен наслов: Битолските кадиски сиџили Читам натаму: - Турски документи, трет том За миг помислив: колку убаво изненадување за Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)