Се гушнаа, радоста се врати. Радоста што се роди тој миг ги облеа со среќа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Трпеливо ја слушавме свирката и песната, додека низ салата проблеснуваше некаква таинствена светлина, која само на мигови ги откриваше ликовите на младичите и девојките, а веројатно и - нашите...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Жртвите на Израилот и пуримските спасувања се две спротивности што водат постојан дијалог во милениумската историја на племето на Јуда. Воздивнува тивко и за миг ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во еден миг ги гледам двајцата, наведнале глава и молчат. А пуримското славје само што почнало.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се весели и се игра, срцето да ти искока од градите, а тие наведнале глави и молчат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Па така првиот налет на тоа ноќно завивање за миг го прекина неговиот сон, за миг ги затегна неговите мускули и го стави во состојба на полна готовност пред оваа страшна опасност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На широчината во тој миг ги кокореше очите Цветан и дуваше во мелодичното пиколо, а Андон, црвен од вобуда, рипаше како коњ и ја веднеше главата како некој да го трга со невидливи узди.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој за миг ги затвори очите, барајќи го она бестелесно женско суштество кое го наоѓал таму уште од времето кога се разделувал од детството, потоа ги отвори очите и се насмевна, наоѓајќи ме мене пред себе, и одново ги затвори очите и пак ги отвори, како да си ја потврдува сродноста помеѓу тоа суштество без лик, исткаено од светлина што трепери пред неговите затворени очи, и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа мажот ѝ зборуваше нешто, покажуваше на децата, на мигови ги ставаше своите дланки на нивните глави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Помеѓу своите кажувања подзастануваше, веројатно очекуваше и таа да проговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во еден миг ги кренав очите кон облаците, кон небесата и што да видам?!!
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Темничината продолжуваше да пламнува црвено и тој еднаш толку добро го виде тоа, што за миг ги имаше испозагубено веќе сите свои мисли.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Рада и Јана занесени во читањето во ист миг ги штрекна остриот звук на јантарниот германски телефон.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада со извонредно изострен и пребирачки поглед за миг ги фокусираше лицата во присутната публика.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ивона во тишината која настана за миг ги затвори очите. Помисли каде ли се сега моите мајки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сепак, моја лична проценка е дека забавник ѕвездените мигови ги доживеа во ’70-те и ’80-те години на минатиот век.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Бесконечен миг ги чекаше зборовите и чудото. Парацелзус не ни трепна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Заколеничи и му рече: – Постапив непростливо. Ми фалеше вербата што Господ им ја наложува на верниците.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако некоја од жените се подналутеше, ако се скиселеше кога ќе ја удреа по газот, и ако во тој миг ги стегнеше усните на устата, тогаш и устинките на дундата се стегнуваа како некој да ѝ ставил стипца меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тој миг ги почувствував прстите од нејзините раце под мојата брада.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Се уверив дека тоа што го слушав било вистина: жените и горе и долу беа исти, каква уста таква дунда, и обратно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Богородица, која за миг ги отвори очите токму кога се свртуваа и излегоа надвор во бувтежите на ветрот и дождот, почувствува болка и срам од своите деца и деверот, проломоти Требаше пат да им се направи до огнот, зар не видовте дека џуркаше вода од нив!?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не ме гледаш, а те чувствувам, не ми зборуваш, а те разбирам, незнам каде си, а те посакувам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сладострасно ги негувам чувствата кои за миг ги нема.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во оџачето одново прсна искра, за миг ги осветли и ги зголеми сенките врз ѕидот и Циљка толку долго ги гледаше, колку што летот на искрата во чија светлина го виде бледото и питомо лице на Мита и десницата нејзина во одвај видливо движење крената до челото кое го допираше со трите прсти...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На педесетина метри од влезот во земјанката, висок офицер на ДАГ, опкружен со вооружени подофицери, за миг ги задржува дојденците, кои ја кажуваа договорената парола и еден по еден ги пропушташе да продолжат по патеката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во тие мигови ги сожалував обете страни во прегратка, а сигурно, за нив, само јас бев за сожалување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)