За миг ме потсети на ручеците што ги подготвуваше мојата мајка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога прв пат ја доведов Илона во твојата канцеларија, за миг ме збуни и мене со твоето држење до статусот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тоа е толку нестварно што секавичните сеќавања на тие мигови ме прават да доживувам срам од самиот себеси.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Следниот миг ме заинтересира неговото име.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја разбрав љубовта твоја кон Христа и кон Бога и твојата посветеност кон нас, Македонците, и поверував.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И тогаш, подзастанувајќи малку, овој меѓу вас што во тој миг ме засени со својата речитост и разбирање на Словото Божје што ви го пренесував, рече: ’Јас, татко, како што гледаш, го следев и го разбрав секој збор што ти овде го кажа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во непознатиот крај низ кој минувам немаше населби и немаше обработена земја. Никаков знак на човечки живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)