Миговите ми беа без значење. Поточно, никаков миг не наследуваше простор на друг миг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веќе во следниот миг ми падна луда идеја на ум: „Можеби ѝ раскажува за тоа како денес се осрамотив пред сите со мојата визија“, си помислив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но јас не лазев. Дури и не чекорев. Бев пердушест, без чувство на тежина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бункерите во мигот ми изгледаат како гротескни и парадоксални монументи на масовното жртвување на еден цел народ во сиромашната и херметички затворена земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ден-два пред да ја сместиме во болница, во еден миг ми прелета мислата дека ако мајка ми умре ќе ми биде толку многу жал што нема да можам да издржам...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)