миг (имн.) - ѝ (зам.)

Можеби само во тие мигови ѝ се препушташе на фаталноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во очите ѝ завирија солзи. За миг ѝ се пристори дека во маглината го гледа даскалот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во овој миг ѝ се пристори дека глас потаен ѝ шепна: „Таа е“...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Пушти ме ти мене, - рече стројничката, и во тој миг ѝ блесна низ умот Атина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И покрај сѐ, во овие мигови ѝ недостасуваше некој свој, своја крв, на кого може да му верува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ, токму сѐ, во тие мигови ѝ замириса на радост и среќа. Надежта и вербата стоеја на дофат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг ѝ се стори дека патува низ времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Виното и цигарата во овој миг ѝ дојдоа одлично за да се смири.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Овој нов миг ѝ овозможи да ужива во стекнатата предност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Следните денови Томо секој слободен миг ѝ го даруваше на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За миг ѝ се стори дека се наоѓа над езеро полно со лотоси.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Значи знаеш…,“ изговори нешто повеќе како констатација отколку како прашање и ме прострела со поглед кој, во тоа бев сигурен, немаше прашање, што ми наликуваше или беше во дослух со она што таа пред малку го изговори.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра се штрекна, го фрли ножот преку масата, го избриша лицето со подлактицата и се загледа во челото на Ханка која токму тогаш ги подотвори очите и устата, како да сакаше нешто да каже и со очите и со устата, за миг ѝ се појави некоја чудна, необјаснива ведрина на челото, но одеднаш спласна, се затвори, ја снема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа го почувствува Ема и за миг ѝ ја врати самодовербата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Движењата во тој миг ѝ беа мешавина на местена сензуалност, која се граничи со вулгарност, карактеристична за повеќето ’комерцијални сексуални работнички’ и формализираните потези на службените лица, отсечни и строги, онакви какви што и би морале да бидат за да влеат авторитет, и да отстранат секаква можност за избор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Знаев и дека Фискултурецот носел ќулафка во џипот, и дека Луција ме мами; во тој миг, со крајни сили се воздржував да не ѝ ја смачкам главата со остатокот од шишето што ми беше на дофат од раката; се препуштив на играта што таа ја водеше на еден совршен технички начин, како машина; се извивавме во прегратките; во еден миг ѝ го повлеков здолништето, и потем гаќичките, и ја видов: гола, легната пред мене, со затворени очи, сосема совладана; требаше само да легнам врз неа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се повлекла малку лежејќи, сега потпрена со лакот на земјата, додека со другата рака го стискала отворот на пребелиот лен под грлото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во очите за миг ѝ блеснала влага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)