Планинава сѐ уште измислува нови снегови Кога ќе оддели миг за умореното лето што лежи на падинава оковано со булки?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сѐ, што му остануваше, беше тоа да фрли уште еднаш, а после кога виде дека ѓаволски не погодил, можеше уште да го донаправи оној свој започнат чекор и да се засолне зад дебелото стебло на чамот до себе, и уште веднаш се покажа дека беше последниот миг за тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Предложи да ручаме во градината. Почувствува погоден миг за тоа!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го чувам овој миг за моментот кога мачорот ќе ѝ ја префрли на мачката и десната нога и кога, како што замислувам, силовито ќе ѝ го з'ркне.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)