- Господи мил и Богородице Мајчице, каква ми е таа милина во душава - со години чемерна?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Камилски со милина во душата се потсети како некогаш рака за рака со љубената чекореа крај кутиите на букинистите и бараа нови книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Човек од снег или Оној-што-се-пресоздава-себеси (расказ) Го гледаше снегот тоа утро остарениот скулптор и сети некаква милина во срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Погледна кон татковата соба. Ја препозна жолтата светлина која зрачеше од ламбата. Го обли милина во душата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не пикај ја во сѐ и сешто главата; не терај ни ифрити и горчини на сите нас, сепни се малку, позауми се, да се гордее твојот татко, да ми тече милина во душата, да знам зошто се мачам и зошто чинам сѐ да те одгледам.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Додека чамецот ги сечеше забрзано водите и ги разбрануваше, низ големата бразда што ја оставаше зад себе, Јагулчета Дримски го обземаа нови изливи на милина во душата, чиниш ќе полеташе кон небото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Климент Камилски од единствениот сочуван зачуван примерок на дисертацијата што го имаше пред очи и со милина во душата, со убаво интониран глас, му прочита на Татко дел од заклучокот: La pedagogie presente une poque grandiose dans l` histoire de la science pedagogique; elle est un revolution dans ce domaine et son application n` a pas pu commencer que par la concidence d` une revolution dans l` histoire de l` humanite celle d` Octobre!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ја слушаше со милина во душата, како што не ја слушал пред триесетина и повеќе години.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)