милосрдие (имн.) - и (сврз.)

Од сето тоа, јас и Луција сме правеле непотребна драма; на светот секогаш има жени кои се расположени за пријателство и љубов, за милосрдие и страст.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оти во злото мерка нема, како и во милосрдието и добрината; по тоа тие две подобни се и тешко ги разликува слабата душа човечка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)