МИНАТОТО ИСЧЕЗНА КО СТАРА ИЗБЛЕДЕНА СЛИКА Живеј сега и одма, не дозволувај мрачното минато да ти ја одземе сегашноста и иднината, со сребрен сјај.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И втора година ме мори
нежива заспивам пред зори
без адамово ребро липам ко плам
биди мит за привиди ненасит
и минатото да биде мило
да биде што не било
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога ќе се сопнеме и паднеме во стапиците на животот да не го заборавиме она што нѐ тера да станеме и да продолжиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Општеството мора повторно да го пронајде патот кон самото себе и да ѝ погледне в очи на сопствената вистина за да може во минатото да го остави она што таму и припаѓа и да гради иднина што ќе биде ослободена од заборав и лаги.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Не можеме минатото да го избришеме, а да сонуваме за иднината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)