Неколку минути откако се обидував да ја совладам веста се јави Гоге.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дени, како што реков, дваесетина години била жена на боем, па оваа оставена градина, подобро парче од градина, е некој вид омаж на тоа време; капејќи се во бањата или седејќи во еден од ’рѓосаните столови таа може да ги одмори погледот и умот од забревтаното темпо на негување на онаа другата, големата, официјална градина и од постојаното примање и гостење посетители.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не поминаа ни петнаесет минути откако легнат се обидував да читам и така да ги оттргнам мислите од мојот надуен мев, кога вниманието ми го одвлече ритмичен, повторлив звук што не можев да го дефинирам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потребни се само неколку минути откако гостите, посетителите на градината, ќе го завршат својот оброк, па чиниите, со сиот прибор за јадење, остатоците од храната, трошките, да ги снема како да се избришани со волшебно стапче.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Повторното ѕвечкање на чинијата врз масата, кое доаѓаше од стомакот на тетка Марија што се тресеше од смеење, ја потсети на лутината, па замолчи и пак луто ја погледна снаа ѝ.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Автобусот не дојде во времето за кое имав информација дека треба да се појави.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Еден час и дваесет минути откако Мануш остана сам горе. И неколку минути откако свиреше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)