Можеби со аголот на окото нешто забележа: можеби почувствувала нов мирис или чула нови шумови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Па, што подразбираме под набљудување? Набљудување, во секојдневниот говор, е само мемориската трага што во нашите мозоци се забележува кога надворешниот свет ќе остави некаков впечаток преку нашите сетилни канали на вид, звук, допир, мирис или вкус.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)