Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој сака сега да ја запре мислата барем на жени, но не му успева: „Ех ти!“ - се подбива тој сам со себе: „Еднаш ти допаднало да спиеш со што Дулчинеја во една соба, а ти се превртуваш како смачкан црвец!“
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)