Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Доколку повеќе идејата 27 на реваншот ги обзема духовите („Реванш, тоа е кралицата на Франција“, зборуваше Морас!), дотолку повеќе францускиот патриотизам ги вознесува „вечните брегови“ и запаѓа во мистиката на вкоренетоста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тука доаѓаме до централната тајна. Како што видовме, мистиката на Партијата, и пред сѐ на Внатрешната партија, зависи од двомислата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Езотеричната мистика на буквите на раната ориентална антика пред сѐ е (како и кинеската) теогностичка.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)