Племињата Arapaho и Kiowa: убав и мрзелив младич не сака да се буди рано наутро; да може да спие колку сака тој треба да убие неколку канибали со лисеста (црвена) боја на косата; на сцена повторно стапуваат магичните помошници со чија помош младичот ги убива канибалите и сега е слободен да спие до доцна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тие денови младичот ги полагаше и своите испити во факултетот и Змејко секогаш во пладнињата го очекуваше да се врати од таму, со оној неминовен страв, а кога оној ќе дојдеше прозорците трепереа од нивната викотница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Младичот ги повторуваше пред него своите одговори од збор до збор, а Змејко знаеше да се испоти, сиот да пребликне од пот, вникнувајќи по некое чудо во сето тоа, можеби и недоразбирајќи го значењето на зборовите, но сфаќајќи ја многу добро тежината на сета таа игра.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)