младост (имн.) - во (предл.)

Никој не знаеше до кога ќе трае, но битно беше, колку и да траеше, да се искористи да зајакнат нашите животи, да се префрлат од детството во младоста, од младоста во зрелоста...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се упати кон некогашното битолското воено училиште, каде што, некогаш, Ататурк и Фетхи-беј Окијар го започнаа своето големо пријателство... XXI Откривањето на битолските сиџили, Татко го враќаше во времето на бујната младост во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таму, каде што ќе ве навредуваат и унижуваат - само за да можете да ја дишите правта од асфалтот и да си ја пустите младоста во бурните ноќи на големиот град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Приквечер, исто облечен како за на работа, излегуваше в град да се напие кафе - наут со другарите од младоста во една иста меана и да се договори со нив дали в недела ќе се качат на врв Водно или ќе појдат на Солунска Глава.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не можев да се здржам да не залипам во тој свој прв ден на понижената машкост и ги слизгав прстите на десната рака по нерамниот ѕид барајќи нешто тешко и силно за одмазда но тој веќе одеше назадечки кон вратата и пушташе да му се издолжуваат забите во отворената уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воздивнувал за да не залипа - сѐ што се случувало било премногу за младоста во таа проклета пролет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ми се закануваше. Можеби се лутеше на себе што ме остава навреден и понижен, можеби ја сожалуваше недозреаната младост во мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа; како сенка зад сенката на својот врсник стоела немата девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар праведно е Глигор да си ја закопа младоста во оваа зандана? Што сторил тој? Ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од под перницата на која спиеше со косите на Јага преку лице го извлече знакот на својата младост во војната, револверто чиј број не беше заведен нигде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти пиеш ракија, наречена пијалак на лавовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како откорнатик во туѓата земја беше ослободен од илузиите на младоста во родната земја или од цариградските.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој Коница му беше близок и по социјалистичките идеи кои ги изразувал во младоста во Париз кон самиот крај на XIX век и самиот почеток на XX век, соработувајќи и објавувајќи во некои левичарски париски весници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеби имаше поголема среќа со наследениот турски јазик од мајка со студиите во младоста во Цариград, во албанскиот беше целосен, го владееше францускиот, се служеше со италијанскиот и германскиот (знаењата на овие јазици им ги должеше на окупациите на родниот Поградец за време на Првата и на Втората светска војна), тешко се справуваше со македонскиот јазик, кој го научи, но и недоучи, доцна во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на тоа доцна се сети, но, сепак, не испушти да рече: На здравје, на здравје, мој Камилски, колку и да ни е кревко здравјето во овие години, останало малку младост во нашите души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Излезе на брзина до првото бистро да купи голем сендвич, полметарски багет со жамбон, како што правеше често во младоста во Париз кога го подготвуваше докторатот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Моите другари понекогаш си играат мајтап со мене, ми велат дека сум чуден бидејќи сè уште немам своја избраничка и дека ќе ми помине младоста во чекање на вистинскиот час.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеш што еднаш им кажав?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)