Но утредента пак станувам пробуден од сонцето што далгите на сонот ги подмладува, па не знам дали од љубов или од омраза со таа младост за сѐ ме наградува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Сѐ -
за малку млеч и полен
за прополис и густо проѕирен
леплив и лизгав јантар
амброзија и жолт јаспис
за твојот балсам на бесмртноста
за твојот сладок прелив на младоста
за драмата на творењето
за смолата на детството - разлеаниот сируп
или
сакаш недвосмислено да кажам:
за мед, мелиса!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)