На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Строг беше нејзиниот татко, строго ја гледаше во детството, строго ја пазеше во првата младост и така ја изградуваше нејзината судбина, неразделно од својата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од сцената повева свеж дах на младост и невиност. Сите сме како унесени.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакаше повторно со кренато чело да зачекори низ кумановските сокаци, безгрижно да се препушти на младоста и убавините со кои беше дарувана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Можеби и младоста и радоста ќе се врати, за кои со толку тага ѝ зборувал Анастас ѕидарот на Надежда Мирска.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И младост и старост - мачнотија.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ги испитува со поглед, бозата и ја пипна (па го истресе прстот), но не сркна ни голтка.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Мешано“ дете од мајка Србинка и татко Бугарин, тој годините на младоста и образованието ги минува во југословенската федеративна држава: Како гимназијалец и студент, не размислував особено за ентитетот на средината.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Мене ми треба здравје, младост и пари: И пари!!! (се слуша биење на градскиот часовник, брои гласно).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја грабнаа американската протестантка Елен Стон Бугарката Катерина Стефанова Цилка во месноста Потпрена Скала. 14.000 лири! зар може да се купи нивната младост и убавина Со набрекнати дојки и стројни тела...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Цариградската ѕвезда на неговата младост и илузиите да го покрене семејството кон исток, гаснеше полека во времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но јас и сега прашувам:
од каде, по сѐ, тој агон да се бара
секогаш правиот збор
од каде тоа тесно грло
тој застој во којшто ферментира
минатото, заедно со детството и младоста
и она кое следи потоа
сето фрагментарно, немонтирано
искуство, живот наречено?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
25
но ти не се враќаш
само јас се играм
и во занес, и во очај
зашто ништо нема моќ
нема такво време
ни таков живот
обнова нема
близина блага ни блаженство
зашто далеку одовде
ги нема милите предмети
нема реки ни планини
нема езера ни миризби
и кајшто ги има
зашто сѐ е црвен кантарион
отсега па натаму
лековита но горчлива
пресеклива трева, жива лава
и сѐ е грешка
и нема помирување
и другото е друго, трето
и сѐ се брои
а ти си единствена, неделлива
грутка, Младост
и мака и мак, и зрнце царевка
царска приказна
полна пресврти и препознавања
делби и разделби
неразрешливи заплети
- и душата ти е водена низ мрак
од незнаење кон знаење,
трагично, Аристотеле –
зашто некој ја негува
уметноста на фугата
бегството, селидбата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бесмртна песна Таква песна се пишува во младоста и држи вода сѐ до староста – слава, влијание, лагоден живот, рецитации на цели генерации.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)