Камилски посебно го задржа своето внимание на турската заемка чинија (танир, пајнца), со потекло од персиски çini, откривајќи дека со ова име на Балканот долго време се нарекувал и самиот порцелан (најпрефинетиот вид на керамиката, т.н. бело злато). Зошто? се прашуваше Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Често ќе добиевме чаша млеко или парче леб со козји кајмак.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Зборови како вино, млеко или вода“, рече и подаде: „Тие зборови љубов покажуваат кон зборот пие“. „Добро“, рече Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пиво, млеко или кисела вода, не одбирам!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Има веќе три години како мочам во шишиња!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Потоа тој внимателно се задржа и на заемките на турцизмите кои сѐ уште се употребуваа и кај христијанското и кај муслиманското население на Балканот, како што се: ѓум, ѓумче (од турски gm); матара, чутура (арапски matara); кофа, кова (од турски kova); шише, стаклен сад за вода и разни други течности (од турски şişe); ќуп, земјен сад за вода, масло, туршија, пекмез и друго (од арапски kr); филџан (за кафе, млеко или чај), (од арапски filcan); казан (од турски kazan), аван, сад за толчење од камен, дрво или метал, се употребува и за тутун (од турски avan); ѓевѓир, цедилка (од персиски kevgir); тенџере, сад за готвење со капак (од турски tencere); тава, земјен сад во кој се вари или пече јадењето во фурна или под сач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)