Не помислуваше повеќе на можноста дека таа му поставува некаква стапица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Терапевтите можат да ја доведат во прашање идејата дека поседуваат објективен и непристрасен опис на реалноста, и да ја поткопаат можноста дека индивидуата ќе биде подложена на наметнување на идеи, со поттикнување на клиентите да ги интервјуираат во врска со интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Неговите сознанија не ја исклучуваа можноста дека Ниротакис Алимакопулос е вклучен во организираната акција на јужниот сосед за нелегално испраќање кај нас мигранти од Африка и Азија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Овде не ја исклучуваме можноста дека публиката врз основа на нашиот настап стекна многу поповолно мислење за македонската култура отколку што самата таа култура тоа го заслужува.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Откако размислил подлабоко, Френк сигурно ја сфатил опасноста од својата шега, можноста дека стравот може да биде многу полош отколку што тој прво си претпоставил.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Јас повеќе пати ја навестував можноста дека ќе дојде време кога Комитетот со својата работа, којашто наполно ќе одговара на чувствата на сите тукашни христијани, ќе ги добие нивните симпатии и ќе стане господар на ситуација...163
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ни преостанува, значи, само можноста дека е сè дигитално, значи, дека сè мораме да сметаме како да е повеќе или помалку густа покривка од точковни елементи, т. е. битови.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419
Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не сум баш сигурен дека многумина од нас би го прифатиле тоа како добар опис на кампската иронија, која – барем онака како што ја опишав – не им остава на своите практичари многу простор за самоизземање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што ако одиме подалеку и ја разгледаме можноста дека машките геј-вкусови за извесни културни артефакти или општествени практики одразуваат, во своите особени контексти, некакви начини на битисување, на чувствување и начини на поврзување со поширокиот општествен свет кои се суштински за машката хомосексуалност и кои им се својствени на геј-мажите, и покрај многуте меѓусебни разлики помеѓу геј-мажите?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја остава отворена можноста дека ситуациите на кои дрег-кралиците им се смеат не се толку ужасни и трагични – или дека ним не им се ужасни и трагични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И затоа решив да предавам „Како да се биде геј“.
Единствената вистинска награда за поставување такви тешки и незгодни прашања е можноста дека успешните одговори до кои евентуално би успеале да дојдеме ќе ни кажат нешто корисно и поучно за машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку.
Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ни преостанува само можноста дека сè е дигитално, значи дека сè треба да се третира како повеќе или помалку густа покривка од точкасти елементи т.е. битови.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Со други зборови: кој во овој брзоменувачки свет сака како интелектуалец да ѝ остане верен на вистината и скептичен како спроти владеачките така и спроти масовните инстинкти, тој мора да биде свесен за можноста дека ќе го осудат поради клевета. Како и Сократ.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Радуле и Стојна не ги вознемируваше дури ни можноста дека секој момент може да наиде и да бувне во собата оној нејзин придонесен син, Оливер, кој токму тогаш можеби играше фудбал на широчинката под Црвената кула.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- А потоа, задоволен од можноста дека ми помогнал и на тој начин ја потврдил корисноста на своето присуство побрза да додаде - Можеби не знаете но времето и вистината не си играат секогаш заедно.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)