мозок (имн.) - во (предл.)

А кој човек може да си наметне ваква самодисциплина, кога секој трча да види сè што е ново: општата глетка на најмодернистичките архитектонски решенија на павилјоните, тоа што во нив е прикажано, спутникот во советскиот павилјон, електронскиот мозок во американскиот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постоеше самиот сон и постоеше едно сеќавање поврзано со сонот, што исплива во неговиот мозок во неколкуте секунди по будењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Прифатниот центар тој за мене беше мозок во сенка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Си го разнел мозокот во сообраќајка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Како функционира мозокот во таа половина на животниот просек?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јунаците на Живковата Пасквелија вијат оро на манастирската чистина, а сончевата синевина ги вовлекува омекнатите мозоци во усвитен вител, што стврднува во бетонска смеса од ракија и пиво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Отпосле дури се разбира дека брегот бил и Микеланѓело загледан во разулавеното море и во пијаниот брод одвај на дофат на видикот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На највисокиот јарбол среде пијаниот брод – Исус Христос суперстар, со парче мозок во клапнатата десна рака.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А и чуму тоа парче мозок во десната рака?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)