Дека Ирис никогаш нема да го засака Р беше јасно уште во трето одделение, кога му забоде молив во десното око штом тој ѝ намигна.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Можев да му кажам и за првите пенкалца и за неговото, а потоа и за сите моливчиња во куќата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На коњот со кој доаѓаше, го носеше потребниот прибор што му требаше за пишување: хартија, индига, прописи, мастило, перодршки, моливи во разни бои за поцртување на поважните работи; им пишуваше на селаните жалби, тужби, молби за судовите, началството и секакви поднесоци до органите на власта.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јас се засолнував со набабрените раце, а стутканите листови отскокнуваа од мене, како да ме маваше со џиновски пуканки.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Со молив во рака и со книга нова, да учиш, да читаш да пишуваш слова...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)