Тој во последниот момент бил вклучен во гемиџиската акција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сигурно дека окупацијата на поголемиот дел од Западна Европа дефетистички повлијаела врз балканските држави, кои во тој момент биле надвор од "Новиот поредок".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој истакнал дека би можел да го доведе Михајлов во САД каде што би можел да работи за британски цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поради брзиот развој на настаните, информациите што пристигнувале од теренот и секојдневните анализи на британските аналитичари и експерти го принудиле британскиот премиер Винстон Черчил да заземе став дека е потребно позасилено ангажирање на дипломатските и разузнавачките служби, со што би можела да се реализира замислата за формирање балкански блок од Турција, Југославија и Грција, а по можност да се настојува и да се убеди кон нив да пристапи и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А употребата на сила против гемиџиите, луѓето што секој момент биле готови да ја дадат главата за своето дело, било мошне ризична и практично неостварлива работа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го посетил и Радославов (радославистите во моментот биле на власт) и се уверил дека тој бил наполно на страната на сарафовиот комитет.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)