За да проверам дали сум во право со сомнежите, веднаш се јавив на мајка му. Ѝ кажав дека син ѝ нема клуч и дека јас сум замината, па затоа тој во секој момент треба да пристигне во куќата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во овој момент треба да се спомене дека ваквото изложување на боите (cauda pavonis, паунова опашка) на Посветеникот му ја најавува непосредно претстоечката синтеза на сите одлики и елементи што се соединети во Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И за миг ми се присторуваше дека го здогледувам татко му Ведран.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Затоа тие сметале дека не било можно да се одделат саботажите од политичкиот живот на земјата и поради тие причини “СОЕ се нашла во позиција, во најголем дел, да соработува со партиите од лево и настојува да прифати политика спрема различни земји на окупирана Европа кои се од непосреден интерес на оние кои се одговорни за водењето на надворешната политика на владата на Неговото Височество“.15 Како заклучок од она што се случувало на Балканот до септември 1943 година аналитичарите на СОЕ истакнале дека: “• Необично е што низ целиот Балкан партиите од десно соработувале со силите на Оската, а додека партиите од лево во чии редови влегувале млади луѓе, покажувале постојана желба да ги ослободат сопствените земји. • Од друга страна било сосема јасно дека мнозинството од оние кои припаѓале на левите партии кои се бореле против силите на Оската и го формирале општото мнозинство низ целиот Балкан, им се придружиле единствено бидејќи тие им нуделе организирана форма за ослободување на нивните земји. • Ако сакале да дадат отпор и да се искористи максимумот, метеријално, човечки и физички низ целиот Балкан, кој е подготвен да се спротивстави и да се бори против силите на Оската, требало да се помогне тие партии и покрај тоа што тие биле предводени од елементи на левите. • Доколку не сакале да имаат комунистички блок низ целиот Балкан, во вистинскиот момент требало на левите партии да им понудат очигледна помош во форма на стабилни републикански влади и понекогаш уставни монархии, како спротивност на постојните ројалистички влади и покрај тоа што би било неможно да се отстрани од свеста на масите соработката на ројалистите и десните со непријателот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Не е важно дали имате многу, не е важно дали ви е допуштено да трошите колку што сакате и не е важно дали во одреден момент треба да штедите или не.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А подоцна, кога веќе беше роден, многу често, само и да помислев: "Мој Иван е овде" - веднаш ми се причинуваше дека тоа име го слушам изговорено од некого и тоа на сет глас, иако јас молчев.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Значајот на боите во алхемијата ќе го разгледаме подоцна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И така, ќе имаме син кој ќе се вика Иван Ташин“ си велев и мислев на мојот син, кој беше веќе многу многу наближил и секој момент требаше да се појави, да заграби од воздухот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)