момент (имн.) - дека (сврз.)

— Смеј се мори, смеј се, коа да не си видела како се гушкаат маж и жена! — пак ѝ се брецна, сега посериозно, мислејќи во моментот дека нему му се смее.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа нешто кое го знаев на самиот почеток, а реагирав според тоа што го чувствував во моментот дека треба да го правам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми се чинеше во тој момент дека од тоа што тој ќе изусти зависеше, се решаваше нашата судбина, мојата, на Ели и неговата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми се стори во тој момент дека таа жена знае сè... и за солзите и за празнината... и за прв пат ѝ дозволив да ме прегрне.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков на Дасакалов: - Ако, нека, јас и не очекував од тебе дека ќе заборавиш барем за момент дека си даскал, но те молам да имаш предвид дека токму животот е најдоброто училиште.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене јас вистински верував во она што се случи во моментот на поминувањето на спомнатата огнена топка!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, кога помислив дека косата и уште незнам што друго од моите сопствености сторија обид да ѝ се придружат на молњата, главата си ја пикнав во дланките а потоа главечкум отрчав до Пребег за да се напијам вода и да си го повратам во живот сувото грло, но таму ме пречека оној матнеж и лудување на водата, што веќе ги спомнав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да претпоставиме за момент дека овој проблем го имаме решено.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се свртив кон Снеже и ѝ предложив: - Да одиме, - сфаќајки во истиот момент дека ги „бришам од списокот на моите девојки“ : Мишел, затоа што е „зацопана“ во Кире, и Анета зашто се однесува како машко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само слушав. Слушав и не можев да се начудам тетка Боса каде заскитала да бара патни документи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ништо не реков. Дури и она за кое помислив за момент дека сум го рекол, не е точно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Замисли си за момент дека сонуваш, тоа веројатно го можеш - доверливо ми се приближи таа преку масата - Или за момент поверувај дека си влегол во туѓ сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ме збунивте. Помислив за момент дека јас сум тој што прашува а дека вие се служите со моите зборови“, најде за потребно да објасни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)