Ме одмери со студен поглед од кое морници ми полазија по грбот и се изгуби зад тезгето.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Морници ми полазуваат, Леме кога ќе си спомнам сѐ што можело да ви се случи за една таква празна, луда работа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Така јас се заиграв со кучињата додека едно време, туку што Геско или Мурко ми го вратија чукалото, не почуствував како морници ми ја креваат косата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)