мост (имн.) - ги (зам.)

Кај Карловиот мост ги има премногу.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Реката вдената во ушичката - мост ги штепува бреговите распарани.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Некој со топук се обидел да го здроби недоречениот стих на Мевлана. Попусто до проклетство. Забите уште повеќе се разголеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа глава, таква, само со сол во ноздрите и во устата и со вешто врзани бравски рогови на високото чело, ја прошетале на врв копје пред тапани и пред сурли по градот; пред стариот вардарски мост ги преплашиле сакатите просјаци и им ја фрлиле на пци скитници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако Дунав ја дели Романија од Бугарија, тогаш мостот ги сврзува обете земји, па со право го носи името „Мост на пријателството“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Така и стана. Селаните се скрија под врбјакот под мост и над мост ги дочекаа напаѓачите со Суљо-ага на чело.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога Брчалото уште од мостот ги здогледа своите соселани, подзастана, ги погледа и повеќе за себе, но од срце сочувствително рече: "О, бое!...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)