Мракот ги стеснуваше улиците. Од отворените прозорци на еднокатниците јасно се слушаше дишењето на луѓето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Братучедите, како што седнаа на чардакот така без збор и зачудени мрак ги фати.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
5. Застанувам пред изгорените усни на летото И тихо, пипајќи низ мракот Ги гаснам црвените цветови.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Што сака таа? Зошто ми го кажува тоа сега, кога станува студено и мракот ги оддалечува предметите во собата од допирот на окото?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во приквечерината кога мракот ги зафаќаше зафрлените агли, Глигор им се придружуваше на пејачите, пуштајќи го својот звучно тврд глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)