мрежа (имн.) - ги (зам.)

Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
52 Економските граници можеби станаа послаби, но еден елемент на традиционалната суверена контрола над границите и натаму останува – полициската контрола врз движењето на луѓето преку границите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А ги фаќаше на разни начини: мјаукаше како нив за да му се приближат, им фрлаше мевце или отепано врапче, а потоа со мрежа ги поклопуваше згора, и додека тие се мачеа да се отплеткаат од мрежата и врескаа, тој со дрвените штипалки ќе ги стегнеше за вратот и ќе ги скротеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Глобалните сообраќајни мрежи ги преместија точките на влез од границите на места подлабоко во државата (меѓународни аеродроми), на тој начин правејќи го националниот простор поранлив и зголемувајќи ја потребата за внатрешни безбедносни мерки (аеродромска безбедност и надзор во трговските центри).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)