мрежа (имн.) - во (предл.)

Со пристигнувањето на првите четнички емисари започнало создавањето на четничката мрежа во Македонија од затечените Срби во Македонија, големосрпски настроени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За таа цел бил одржан т.н.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во такви услови, старите раководители на Организацијата, како Дамјан Груев, во текот на 1904 започнале да ја обновуваат нејзината мрежа во битолскиот округ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И во тој миг узнав зошто со години сум се опседнувал самиот себеси со сликата на пајакот и неговата мрежа, и безброј часови сум минувал во размисла за смислата на делото на таа животинка: мрежа, со творецот на мрежата во нејзиното среде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лука Џеров, кој преку организационата мрежа во подробности ги следеле настаните, пишува дека, “за чест на Битола“, никој не се исплашил.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така, и двете, со сосема различни пасамка на мислата во своите глави, седеа додека самракот како ситна црна пајакова мрежа во пластови паѓаше врз нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога една смрдлива смеса може да има вкус на извонреден шери, од каде знам каков вкус има префинетиот драј шери, или што и да е друго?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со други зборови, без користење на ментални репрезентации секоја невронска мрежа во мозокот на птицата се наоѓа во нелинеарна стабилна состојба (атрактор) која што е поврзана со сличен стабилен образец во околината на животното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)