Пред нејзините грижни очи тој се преобразува од мртовец во змија, долга, темна, со сребрени шарки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој беше првиот мртовец во нашата фамилија.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Големиот мртовец во раката држеше чанта.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Старецот беше рамнодушен дури и спрема себе сличните, но се зачуди со својот исчезнувачки ум: „Нè има многу... значи, ние сме целиот свет!“ 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И доотепајте го оној, не гледате ли - се обидува да стане.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Колеж, лажен мирис на јунско сено, очај, а негде, од некои грмушки и од стеблаци, се довикувале крескави и безгрижни сојки, саможиво обземени од љубов и без најмала возбуда за она што се случувало на тоа безимено место, утрешна татковина на безимени костури, на десет мртовци во неполна половина на час, премногу за неголемите народи на дел од Полуостровот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа сопственорачно учествував во носењето на сандакот од црквата до гробот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Зашто тоа мртовците во сандакот стануваат така тешки?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)