музеј (имн.) - во (предл.)

Респект секогаш кон сѐ што е старо. • Дали постои барем една галерија или музеј во градов што има конзистентна културна политика?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во ниту едно од нив не беше спомнат некаков музеј во близина на селото Н.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И воопшто, тогаш многу подобро се живееше отколку сега. њ 200 okno.mk Евгениј Харитонов АНТИУТОПИЈА - 80 * Секако, се мисли на познатиот ресторан во Москва, не на познатиот музеј во Санкт-Петерсбург. (заб. на прев.) ** “АРА”-”American Relief Assotiation”, американска асоцијација за помош во Русија во периодот по Граѓанската војна. (заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И се паѓаа од смеа, читајќи ги книшките на прогресивните писатели, кои пишуваа дека кралот е одлично облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Браните се изградија. А на Цветана Горски му остана да ја доварди колекцијата на животот на Езерото на Игора Лозински, со посебниот оддел на патот на јагулите, која заврши во убав и единствен музеј во градот на реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Kay Itoi ТОКИСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ -Поп и предрасуди- Ниеден музеј во Јапонија никогаш не бил изложен на таква бура од прекори, како онаа што го погоди Токискиот Музеј на современа уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„How to Pass, Kick, Fall and Run“, A Year from Monday, str.133-140. 186 Margina #11-12 [1994] | okno.mk О ваа статија првпат е објавена во каталогот дела на Џаспер Џонс кој го издаде Еврејскиот музеј во почетокот на 1964 г.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсуството на сликан простор во поголемиот дел од делата и, како ми се чинеше, мистериозната аура на неговата личност создадоа проблем за кој бев одлучен да го разрешам и кој во текот на петте месеци ме преокупираше и маѓепсуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таму ќе има цвеќе со опоен мирис, птици со блескави бои, луѓе кои ќе пливаат по брановите, а (сеобложувам во тоа) во текот на денот на небото ќе се појави виножито.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вие се чини дека овде опишувате еден вид внатрешна алхемија каде што очигледно не се доgмите на една религија кои ја хранат душата на вашиот татко, туку светлината која тој ја донесуваше од стрмоглавите сруштања во длабините на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На мојата забелешка на панегиричниот говор на еден од домаќините за Сталин, дека со него како и насекаде во светот е завршено засекогаш, се најдов во монструозна стапица на режимот, чии димензии ми стануваа јасни дури во Атеистичкиот музеј во Скадар, во кој се најдов како во десеттиот круг на Дантеовиот пекол, овојпат поместен на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Големо беше моето изненадување кога еден млад албански новинар, Алтин Раџими, неколку години по падот на диктатурата во Албанија, ги беше прочитал моите објавени романи на француски јазик, но своето внимание, на мое големо изненадување, посебно го беше запрел на Атеистичкиот музеј, посебно на сцената од атеистичкиот музеј во Скадар, односно на експонатот за душата, кога водачот Х.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И така ја потиснував долго, долго време во себе трагичната и макабрична аскеза од Атеистичкиот музеј во Скадар, без надеж дека еден ден ќе се ослободи од мене, ќе катарзира во книга.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неколку редови од Атеистичкиот музеј во кои се повикувате на вашиот татко: Тој конечно и неотповикливо реши да ја напушти родната земја, своите блиски, својата куќа, земјата крај Езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се обидував отсутно да ги следам на ручеците и вечерите со надеж што побрзо да се вратам во библиотеката во бојот врз белата хартија со преостанатите фантоми од Атеистичкиот музеј во Скадар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во куќата имаше една сала која служеше како мал козји музеј во кој се чуваа слики, скулртури, фигури, инспирирани од суштества.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мене ме обзема мислата за доследноста на системот во наложувањето на организираната лага која почива врз една погрешна идеја, зачната и одржувана во заробениот ум, прикажана од музеј во музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа ми се случуваше кога ќе се најдев дури и во огро­мните музеи во светот како Лувр, Британскиот музеј, во Ермитаж во Санкт Петербург, во Метрополитен и во Гу­ген­хајм музеите во Њујорк, во Прадо во Мадрид, во музејот во градот во Сијан, крај свежо откопаните глинени војници закопани во гробниците на императорите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XV Зошто силно ми навираа мисли за душата во Атеи­стич­киот музеј во Скадар?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За А.А., Атеистичкиот музеј во Скадар беше един­стве­ниот експериментален антиверски храм од таков вид во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вие сте меѓу среќниците кои го посетувате овој музеј во нова постановка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така Папата го завршува говорот пред местото на некогашниот Атеистички музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но кој да верува дека моето патување во Албанија во потрага по вистинска претстава, создадена според зако­ни­те на уметноста и автономната вредност, ќе се престори самото во драма, при што сцена ќе биде самата земја, со расплет во декорот на Атеистичкиот музеј во Скадар, со ликови меѓу одбраните водичи по музеите, со многубројни активни и пасивни статисти од редовите на тајната поли­ција, Партијата, мои блиски по таткова и мајчина линија, во генералниот декор на родната земја со седумстотини илјади бункери?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пиесата на апсурдот требаше да кулминира во Атеистичкиот музеј во Скадар, веројатно последната етапа од нашиот престој, наложената цел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Силата брзо ми ја враќаше сознанието дека се враќав скршен, но недокршен од родната земја и од Атеистичкиот музеј во Скадар за еден ден да сведочам за неговото трагично постоење...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Останавме горди со единствениот Атеистички музеј во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почнуваше нашето фантомско патување од музеј во музеј, од сцена на сцена, оневозможени за средби со обичните луѓе, со нашите блиски.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Денес во СССР ги затвораат атеистичките музеи во налетите на ревизионизмот на Хрушчов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме очекува уште менталната тортура во Атеистичкиот музеј во Скадар, како можно чистилиште во пеколното патување, каде што душата би требало конечно да биде исчистена со идеолошката моќ и триумфот над троверјето со устоличување на Водачот како Бог.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ВТОР ДЕЛ „Го изгубија небото зашто сакаа да го заробат.” XII И еве ме, на крајот, пред прагот на Атеистичкиот музеј во Скадар, на крајот од музејската спирала, на заме­не­тиот живот со музејскиот, на заменетиот Бог со идео­лош­киот, на заменетата иднина со утописката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Низ разните симболи лесно ги препознавав епизодите од моите судири со водичите – конзерватори, посебно во Атеистичкиот музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И овде во Атеистичкиот музеј во Скадар ни се подготвуваше албанската идеолошка варијанта на музејско - театарската претстава на апсурдот – за борбата и ликвидацијата на Бога, со сите негови слуги на земјата и на небото!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еве ме, најден пред Атеистичкиот музеј во Скадар, пред прагот на куќата-симбол на последното преобраќање на мојот народ во атеистичката религија, на крајот од обидот за нашето морничаво музејско-театарско преобраќање во нормите на соц-реализмот во земјата на корените.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еве, пред вратите на Атеистичкиот музеј во родната земја!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Музејот е збогатен со нови експонати во чест на стогодишнината на Сталин, заедно со Ленин, првиот творец на атеистичките музеи во светот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем ништо не виде, ништо не разбра во единствениот атеистички музеј во светот?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
(Еве ме... Најпосле сум пред прагот на Атеистичкиот музеј во Скадар...).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Идејата на Водачот да се подигне Атеистичкиот музеј во Скадар верно ја оствари задолжениот за идеоло­гија­та во Партијата, Рамиз Алија на 9 јуни 1973 година...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не може да има поуверлив симбол за прекинатата светлина во клетиот Атеистички музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Макар на врвот на атеистичката пирамида на земјата како директор на единствениот атеистички музеј во светот, сепак и А.А. имаше свои контролори кои му беа непознати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
З.З. се разликуваше од другите водичи – конзерватори, посебно од оние во Атеистичкиот музеј во Скадар. Беше отворен, реален.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)