Меѓутоа, според Татко, балканскиот трагизам и проклетство се јавувале како последица на нарушениот соживот помеѓу муслиманите и христијаните, кога најубавото одеднаш се претворало во најгрдо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој не можеше да не го запраша Татко: Дали имало во историјата слична заедница меѓу христијаните, муслиманите и Евреите?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постои примерот на Андалузија и седумте и половина векови на парцијалното владеење над Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Според филозофот Едгар Морен, исламот се покажа во еден историски период многу потолерантен од христијанството, кога беа прогонувани од Шпанија муслиманите и евреите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)