Возот си тропка, полицаецот ја зел муцката в дланки и спие дали спие.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А коњот копа со копитото, буричка со муцката во снегот, бара трева за пасење.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Половина од неговиот глас, полош од Некролози, промоција фонографска снимка, одеше под масата: “Мили мои, забележавте дека човеколиките мајмуни, иако покриени со густи влакна, имаат проќелави лица, или подобро речено, ќелавоста ги претвора нивните муцки во нешто што многу потсетува на човековото лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа крв, како што верува со едно крајче на свеста но без страв и зачуденост, ќе потече низ неговите ноздри или низ устата полна со врел и застоен воздух, Пламените пци не го лижат со врелите јазици, Се собираат над него и ги забуцуваат усвитените муцки во неговата отворена утроба, се хранат со неговата глад, со неговата жед.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)