мјузикл (имн.) - ги (зам.)

И така, дури и кога изгледа дека бродвејскиот мјузикл ги третира оние што Милер ги нарекува „други“ (односно негеј-) теми, успева да излезе погеј од сите стабилни, фиксни претстави на геј-мажите или на геј-идентитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислеле дека се родени надвор од својот природен елемент, дека имале некое тајно царевно потекло – дека биле кнезчиња што по некоја зла судбина, од таинствени причини, онакви новородени биле дадени да ги одгледува семејство на селанчишта и дека само го чекале денот кога ќе им се обелодени вистинскиот идентитет, кога ќе се развражи вражбата и кога конечно ќе се ослободат, ќе се ослободат од здодевните секојдневија на обичниот живот меѓу нормален народ и кога конечно ќе се вратат на местото во општеството со богатите и славните што по правдина им припаѓа, во друштвото на убавиот и најпрефинет свет.259 Копнежот по живот во естетска милост и во естетска хармонија, во сетилен раскош и задоволство, поривот да се издигнеш во светот и да се дружиш со повисоките сталежи, стремежот да стекнеш, собереш и да трошиш – да се опкружиш со убавини, реткости и скапоцености или, во случајот на Пол, со „згодни работи, со придушена светлина и со свежо цвеќе“ – сето тоа почнало да ја симболизира суштината на извесен вид машки геј-субјективитет, и тоа уште од времето на Оскар Вајлд.260 Во својата неисцрпна студија на Вајлд и на машката геј-култура, Нил Бартлет му посветува цело поглавје, насловено „Сопствености“, на односот на геј-мажите кон нивните ствари.261
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бродвејскиот мјузикл, така, ги научил своите протогеј-зналци дека нивната восприемчивост за гејството на тој жанр можат да ја изразат само под услов на сопствена изолираност и скришност. [Ниедно момче] никогаш не било толку надвладеано од својата страст [кон бродвејскиот мјузикл] за да заборави да води сметка за тајноста во која уживало во него, а ако и заборавело, ако некогаш... нешто, ете, случајно доволно му го одвлекло вниманието, па да заборавело да ги превлече завесите пред својот настап [односно кога пеело и танцувало на албумите од првата бродвејска постава], поради што другите маалски момчиња успеале да го фатат на дело како сочувствително трепери со нумерите што ниту тоа ниту тие никогаш не ги гледале, бргу сфатило – и тоа предоцна – дека чувството на срам му било дадено, како и нагонот за повраќање во грлото, да му биде опомена да се варди од општественото понижување што, сигурно, ќе настапи ако некогаш му падне на памет да биде толку шашлив оптимист, што да го пренебрегне. (11) ‌Практиката да се слуша и да се пее во придружба на снимки од бродвејски мјузикли ги научила оние што уживале во тоа една претпазлива поука за срамот, всадувајќи им свест за невозможноста геј-желбата и геј-чувството некогаш да се преведат во јавен израз и во општествено одржлива стварност – како и изострено сознание за опасноста што ја повлекува и самиот обид да се стори тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)