МекЛуан и Фуко јасно покажаа дека слободата зависи од контролата над технологиите што досегаат до мозокот - телефоните, печатот, неврохемикалиите, екраните.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Идејата дека која било група може да посака да ја приграби доминацијата, контролата, власта, надмоќта над другите, е примитивна перверзија - дегутантна и застарена колку и ропството или канибализмот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не беше Берлинскиот ѕид тој што ја штитеше “империјата на злото”; тоа беше електронскиот ѕид, којшто беше лесно пробиен од MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Отфрлајќи ги сите побарувања на семејната божемна невиност и капејќи се во дречлива, неприродна неблагодарност, таа си го виори чувството на надмоќ пред конвенционалните буржоаски канони на моралноста, нормалноста и природноста.
Такво чувство на надмоќ над здодевните, нормални луѓе одамна се забележува (се слави или се презира) како одлика на машкиот геј- субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа е гласот на омразата кон средносталешкиот домаќинлак, кон женствената улога што се одликува со трудољубивост, одговорност, самопрегорна посветеност на семејството, па, наместо тоа, се решава за раскош, уживање, богатство, елегантност и ослободеност од задолжителните општествени стеги – онаа слобода што може да се купи само со пари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)