Што се однесува до одредбите кои се однесуваат на надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете, ЗСЗ (1997) пропишуваше дека висината на овој надоместок треба да изнесува 30% од просечната плата, а придонесите и другите обврски да се пресметуваат и наплатуваат во висина од 50% од основицата предвидена со Законот за пензиското и инвалидското осигурување (чл. 33, ЗСЗ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)