Освен во случајот со долната граница на платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите 1. Закон за исплата на личните доходи и други лични примања во Републиката, Сл. весник на СРМ, 2/91. 2. Закон за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката, Сл. весник на РМ, 26/92. 3. Закони за измена и дополнување на Законот за исплата на платите и други надоместоци и дивиденди во Републиката, Сл. весник на РМ, 46/92 и 59/92. 4. Закон за исплата на платите и пензиите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 78/93. 5. Закон за исплата на платите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 70/94. 6. Закони за изменување и дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, Сл. весник на РМ, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09. 176 од плата, одредбите на овој закон престанаа да важат за работодавачите кои повеќе од 51% се во приватна сопственост.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Прво, воведен е пократок рок за пријавување во Заводот за вработување за лицата кои остваруваат право на паричен надоместок и право на здравствена заштита во однос на останатите невработени лица што се пријавени во Заводот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Промени претрпе и висината на паричниот надоместок и времето за кое се исплатува паричниот надоместок и основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок и престанокот на правото на паричен надоместок и роковите за пријавување во Заводот за вработување на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)