Својата наклоност кон првиот човек, а со него и кон целокупното солунско еврејство, кралот го пренесуваше и врз другите носители на власта на кои тој им го даваше мандатот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајкината рационалност, која извираше од конкретното соочување со животот на новото семејство, убаво се усогласуваше со Татковата наклоност кон мистичноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа димензија кај него, впрочем и кај нив, предизвикуваше взаемни симпатии. Но, опиен од уживањето во првата, се чинеше апсолутна слобода, Цви не се обѕираше на тоа дека почна ја губи поддршката во својата нова заедница.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Многу ме бендиса и сакам да биде моја прва анама – и рече и не испушташе момент да не ја искаже својата наклоност кон младото девојче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Можеби и поради тоа тој некако му беше слабост на дедо кој што имаше поинаков однос со него и не ја криеше неговата наклоност кон Тома.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пастор Рик беше вознемирен поради исповедските очекувања со кои се соочуваше, посебно тие во врска со, како што Рик му објасни на Дејв, неговата неконформистичка наклоност кон индикативниот госпел наспроти императивниот, кон добрите наравоученија наспроти моралните норми. Маргина 34 95
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)